Бејли се оградува од лошите пресуди на судиите

,,Американскиот Џес Бејли со писма до Караџовски, Џолев, Вангеловски бара колегиумите на судовите да потврдат дека Анбасадата на САД во Скопје не се мешала во донесување на судски одлуки. Некому му гори! Проверете ги информацииве”, објави судијата Владимир Панчевски кој беше претседател на Скопскиот кривичен суд.



Информацијата дека американскиот амбасадор Џес Бејли му пишал на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев ја пренесуваат и други медиуми.

“Бејли му пишал на Џолев дека е разочаран од секојдневните информации што стигнувале до него дека судии носеле пресуди и одлуки за притвор под диктат на амбасадата на САД”, објавува и САКАМДАКАЖАМ.МК од каде цитираат извори од судот.

Џолев им ја пренел содржината на писмото на судиите, во кое Бејли предупредил дека тоа е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите, пишува порталот кој објавува дека писмото е испратено и до министерката за правда Рената Дескоска, претседателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска, претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и до претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.