Грабеж како од филмските платна извршиле денеска три непознати лица на златарница во Старата прилепска чаршија и од сопственичката, која била сама во дуќанот, одзеле поголемо количество накит.
Напаѓачите, кои не биле маскирани, со истрели од пиштол успеале да ја отворат вратата затворена од внатрешна страна и бравата, а со оружје им се заканувале и на луѓето од соседните дуќани кои сакале да го спречат грабежот.
Ова е втор грабеж во раните утринските часови во Прилеп за период од само десетина дена, пишува на својот Фејсбук профил новинарката Каролина Дурло.




