Спикерот на македонскиот парламент, денеска на средба со новинари рече дека не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери.
Околу информацијата дека се подготвува закон со кој на пратениците би им се обезбедило вработување по желба и во администрацијата, Џафери одби да коментира додека не го видел текстот на законот.
„Идеја како идеја може да постои, може да ја даде било кој пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, рече Џафери и посочи дека во голем број земји во светот, со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.





