„Ако на вистинскиот Див Запад, што е отсликано во вестерн-филмовите, грабежите на поштенските кочии биле вообичаена работа, со „Македонска пошта“ се случува обратното. Дивиот Запад е вграден во нејзините раководни структури, таа сама себе (т.е. нас) нѐ ограбува!- пишува професорката Биљана Ванковска во колумна за „Нова Македонија“.
„Веќе никој и не брои колку злоупотреби се случија, вклучувајќи го и подметнатиот пожар за кој не одговараше никој, иако се докажа дека директорот (оној со капчето на УЧК) си чувал моторно масло во канцеларијата.
На грабежите на поштенските возила со пензиите не им се знае бројот, ниту пак е познат вкупниот износ на ограбени средства надоместени со наши, буџетски средства. Во делбата на „колачот“, по правило, поштата отсекогаш остана најомилено парче за кадрите на ДУИ, како извор на финансирање на партијата.
Тоа е јавна тајна, но досега не одговарал ама баш никој.
Поштата е претпријатие што може да апсорбира голем број рамковни вработувања, ама додека некои седат дома и земаат плата, други (без соодветна партиска книшка) разнесуваат пошта без никаква социјална сигурност. Одговорноста на ДУИ за состојбата во државата е табу-тема, како во „бомбите“, така и во владата на Заев и во СЈО на Јанева“- пишува Ванковска.





