Според истражувањето за состојбата на глобалниот дигитален пазар во третиот кваратал на 2018 година, спроведено од страна на организациите Kepios, Hootsuite и We Are Social, Република Македонија има околу 1,58 милиони интернет корисници, односно 76% од населнието користи интернет. Оваа бројка пораснала за 8%, односно 118 илјади корисници, во изминатата една и пол година (од јануари 2017).
Вкупно 1,40 милиони жители, или изразено во проценти – 67% од популацијата, се активни во користењето на интернетот преку некој мобилен уред.
Меѓутоа, најголем дел од вкупно остварениот интернет сообраќај во државата – 65%, бил реализиран преку лаптоп или десктоп компјутери. Преку мобилни телефони биле остварени 33% од вкупниот интернет сообраќај, додека пак преостанатите 2% отпаѓаат на таблети и други уреди.
Според податоци од Google, најпребаруваните 20 клучни зборови во Република Македонија на овој интернет пребарувач во 2017 година ги открива порталот marketing365.mk





