Македонскиот министер за странски инвестиции Бардил Даути смета дека Македонија и Албанија имаат златна шанса да станат еден пазар за инвестиции, трговија и туризам.
„Во рамките на Фонд за Западен Балкан, Албанија и Македонија треба да ја искористат златната шанса за да се промовираат како единствен пазар, зголемувајќи ги потенцијалните приходи во двете земји“, изјави тој во интервју за Албанска телеграфска агенција (АТА).
Според професорот по макроекономија на Универзитет во Тетово, „бизнисот во Македонија има цел да ја прошири својата активност во Албанија, користејќи ги услугите на пристаништетот во Драч наместо тоа во Солун“.
„Македонскиот бизнис би требало да го искористи секторот на туризмот во Албанија, посебно за инвестиции во хотели со четири и со пет ѕвездички. Од друга страна, албанскиот бизнис веројатно ќе ги зголеми инвестициите во Македонија во областа на индустрискиот развој“, додаде Даути.





