Макрон на „жолтите елеци“: Во право сте!

Францускиот претседател им одговори на потписниците на петицијата на „жолтите елеци“ што досега ја потпишаа повеќе од еден милион луѓе.



„Почитувани, го доживеавте како камшик зголемувањето на цената на горивото и одбравте да реагирате со петиција.

Ја слушнав вашата порака и директно ви одговорам: Ти си во право”, одговори Емануел Макрон на петицијата потпишана од еден милион и 150.000 луѓе.

Францускиот претседател потсети дека владата ја повлече одлуката за зголемување на даноците на гориво, додавајќи дека во текот на зимата нема да има зголемување на цената на електричната енергија и гас.

Макрон од ноември се соочува со најголемата криза по формирањето на движењето „жолти елеци“ кои од  17 ноември, преку разни акции и протести реагираат на политики.

Франција има 67,3 милиони жители.