Новинар на „Шпигел“ со години „штанцал“ лажни стории

Германскиот весник „Дер Шпигел“  отпушти еден од неговите водечки новинари откако беше откриено дека измислувал факти и извори во повеќе од десетина статии во период од седум години.



„Клаус Релотиус, новинар и уредник, ги фалсификувал своите статии во големи размери, па дури и измислувал ликови, ги лажел и читателите и неговите колеги“, објави германскиот весник во статија објавевчера на интернет.

Изненадувачкото откритие е тежок удар за „Шпигел“ весник со 71 година историја, која е позната по квалитетот на новинарството и кој го читаат стотици илјади луѓе во печатена форма и милиони на интернет.

„Јас суму лута, ужаснета, шокирана“ беше коментарот на заменичката уредник и претпоставен на новинарот.

Откако еден колега што работел со Релитиус на една приказна во САД, се посомневал во неговото известување, „Шпигел“ спровел внатрешна истрага.

Релитиус минатата недела призна дека измислувал цели пасуси во написте, а исто така фалсификувал информации и во други приказни.

Релитиус, кој поднесе оставка од понеделникот на барање на весникот, се бранел дека е болен и му е потребна помош, изјави портпаролот на „ Шпигел“ за Си-Ен-Ен.

Новинарот инаку беше добитник на повеќе награди меѓу кои и онаа на Си-ен-ен, кој го прогласи за новинар на годината.