Инцидент во Тирана, Рама погоден со јајце (ВИДЕО)

Во албанското собрание се случи инцидент откако еден пратеник на опозицијата го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама.



Пратеникот Ендри Хаша фрли две јајца кон Рама кој беше на говорницата од кои едното според фотографиите завршило во стомакот на Рама.

Со коментар “За присутните тост и јајца”, фотографија од погодениот со јајце Рама објави екс премиерот и претседател Сали Бериша.

Пред Собранието на Албанија денес се собраа стотици студенти и ученици кои веќе 16 дена протестираат против владините политики.