На вчерашната средба со новинарите, рускиот амбасадор во Атина рече дека Москва ќе го почитува договорот меѓу Скопје и Атина за промена на името но се противи на приемот на земјата во Севартноатлантската Алијанса.
„Дкоколку Атина и Скопје постигнат договор за името и ако биде официјално прифатено во Уставот на РМ, тогаш ние ќе го признаеме тоа“ изјави Андреј Маслов но потенцираше дека Русија не се согласува со приемот на Македонија во НАТО, најавувајќи дка Москва ќе спроведе контрамерки за интеграцијата на Македонија во Алијансата.




