Претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели, оцени дека по формирањето на косовската армија Балканот е побезбедно место за живеење и им се заблагодари на САД и на другите членки на НАТО што ја поддржаа одлуката.
„Во неделата што е зад нас во Парламентот на Косово донесовме две важни одлуки. Ги усвоивме законите за трансформација на Косовски заштитен корпус во војска и ја избравме државната делегација за водење на дијалогот со Србија. Двете одлуки ја одразуваат нашата конкретна посветеност на мирот, стабилноста и добрососедството во регионот“, изјави Весели на средба со новинарите.
Спикерот на косовскиот парламент додаде дека за Косово резултат од дијалогот може да биде само столче во Обединети нации.





