Законот за амнестија што вчера беше изгласан во Собранието, денеска бил испратен до Кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов ,од кој се очекува да гопотпише, дознава А1.Он од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
По потписот од шефот на државата, законот за кој гласаа 95 пратеници и ниту еден „против“ или „воздржан“, ќе биде објавен во Службен весник“.
Претседателот на државата, одби да го потпише Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на договорот од Преспа.





