Грција се обидува да воспостави добрососедски односи, но нема да прифати „произволни“ интерпретации на договорот за името потпишан во јуни, вели грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.



„Ако и кога (договорот) ќе дојде (до Парламентот) за ратификација, на ниеден начин нема да прифатиме произволни, па дури и иредентистички толкувања на Преспанскиот договор од ПЈРМ“, изјавил Павлопулос на средба во Брисел со грчки официјални претставници кои работат во европските институции.

Павлопулос рече дека Грција ја поздравува можноста за пристапување на БЈРМ во НАТО и во ЕУ, под услов спорот за името да биде решен.

Тоа ќе се случи  по завршувањето на целиот овој процес и откако ќе се утврди дека уставната ревизија содржи сите гаранции, рекол грчкиот претседател.