“Вие сте тотално луди луѓе! Вас ви нема спас. И затоа ќе си го добиете. Ама жестоко”.
Ова и го порачува на Владата професорот Димитар Апасиев во врска со одлуката пензионерите, вработените, луѓе со други приходи или тие што немаат лиценца да не можат да продаваат овошје и зеленчук на пазарите.
Според него оваа владина мерка има за цел да направи простор за поголем профит за прекупците.
“Имаш 11.000 пензија. Имаш и мала бавчичка која ти раѓа патлиџани. Ама ти нема да смееш да си ги продадеш на пазарче, оти на некој ШУП*К ОД ДУИ му текнало да предложи таков Закон!!! А во меѓувреме, Зелената мафија на прекупците од Кванташки нека ќари од потта на ситните земјоделци”, заклучува Апасиев кој го користи хаштагот #МамицатаВашаХоштаплерска.
Револтираниот професор најавува дека законот ќе биде оспорен пред уставниот суд и директно прозива луѓе во владата од кои бара одговори.
“Баш би сакал другар ми Branimir Jovanovic да ни објасни како тоа СИРОМАШНИТЕ добиваат од овој Закон!?
А може да се убаци и благоглаголивиот портпаролот Mile Bosnjakovski.
Пренесете му на Премиерот Zoran Zaev, дека со овој налудничав потег на ИЛЈАДНИЦИ СИРОМАШНИ НАШИ СОГРАЃАНИ ќе им ја секнете секоја можност за дополнителна легална заработка, како и можноста за самостоен излез од мизеријата во која се напикани не по нивна вина.
Најчесто продавачи се стечајците и пензионерите, кои едвај крпат крај со крај. И конечно, еве да ви кажам како професор по право, овој антисиромашен закон е спротивен на Уставот и истиот ќе биде оспорен пред Уставен суд. Се надевам дека тогаш нема да биде 7:2 у гласови кај карикатурите од судии. Јаз’к да ви е!!! Ова НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПРОСТЕНО”, порачува Апасиев.





