„Новинарството се претера“: Македонија 109. по слобода на печатот

Според Светски индекс на слобода на печатот за 2018 година на „Репортери без граници“, Македонија се наоѓа на 109. место меѓу 180 држави опфатени со рангирањето.



Тоа е за две места подобро од лани, но тоа е само едно место погоре од црвената зона во која спаѓаат земјите со многу мала слобода на печатот, а за пласманот многу зборува тоа што веднаш пред Македонија се Габон (108.), Парагвај (107.), Непал (106.), Кувајт (105.), Гвинеја (104.) итн.

Од државите од опкружувањето поголема слобода на печатот има во Словенија (32.), Босна и Херцеговина (62.), Хрватска (69.), Грција (74.), Албанија (75.), Србија (76.), Косово (78.) и Црна Гора (103.), а полошо од Македонија стојат само Бугарија (111.) и Турција (157.).

Лидер е Норвешка, пред Шведска, Холандија, Финска, Швајцарија, Јамајка, Белгија, Нов Зеланд, Данска, Костарика итн., а на дното е Северна Кореја.