Криминална структура од времето на ВМРО- ДПМНЕ сега владее со македонското здравство пишува висок функционер на СДСМ за порталот на албански јазик InfoMagazin.net.
„Дали здравјето и животите на жителите на Р. Македонија е во рацете на Златко Пановски?
Здравството ни е во дупка. За жал, сегашните креатори на здравствената политика од страна на СДСМ не престануваат да не закопуваат уште подлабоко. За волја на вистината, СДСМ во целост и доследно ја продолжува трагичната здравствена политика на ВМРО ДПМНЕ, политика која секојдневно го зема својот данок на човечки животи. Какви кадри СДСМ форсира, какви лажни авторитети владеат“, пишува функционерот на СДСМ за порталот кој вообичаено објавува на албански јазик но сега текстот е на македонски јазик!
Порталот не го открива името на функционерот на СДСМ кој тврди дека министерот Филипче советник на екс министерот Тодоров, заедно со директорката на Клиниката за Хематологија Ирина Пановска и нејзиниот татко бизнисменот Златко Пановски се дел од структура која што врти стотици милиони евра во здравството.
Линкот до целата информација на инфомагазин.нет
Криминалците на ВМРО сега се експонират како научници на СДСМ!




