Возач од Македонија на возраст од 29 години вчера е уапсен во италијанскиот град Мерано и од карабиниерите е одведен на издржување шестмесечна затворска казна поради возење под дејство на алкохол.
Тој бил запрен при рутинска полициска контрола во градот на северот од Италија, па по идентификацијата полицајците го спровеле во затворот во Болцано врз основа на налогот од тамошниот Суд.





