Шансата премиерите на Македонија и Грција да ја добијат Нобеловата награда за мир е речиси минимална и за тоа има најмалку две големи причини.
Прво Нобеловиот комитет има практика во старт да ги маргинализира сите номинации кои содржат политички маркетинг со престижната награда.
Најавата на утрешниот настан на универзотетот ФОН на кој Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за добитници на Нобелова награда и политичкиот маркетинг кој што сега се прави од страна на структури во Македонија блиски на премиерот Заев за Нобеловиот комитет е голема грешка.
За членовите на комитетот е јасно дека огромен број на номинации се политички мотивирани со цел на избори номинираните да можат да ги користат номинациите за да влијаат на гласачите.
Втората причина е тоа што годишно во Стокхолм пристигнуваат над 300 номинации, меѓу нив луѓе кои на светот му подариле извонредни голема хумани дела и достигнувања.
За 2018 година имало 331 кандидат за Нобелова награда за мир од кои само десетина влеге во потесна конкуренција да станат лауреати.
Рекордот на број на номинации е направен во 2016 година кога биле кандидирани дури 376 кандидати.
Процесот на номинација завршува во јануари а најрано одлуката се носи до крајот на октомври.




