На специјален настан, утре на приватниот Универзитет ФОН, добитничката  на Нобеловата награда за мир  Уидед Бушамауи, од Тунис, ќе ја претстави иницијативата премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, да бидат кандидирани за Нобелова награда за мир, пишува CNN Greece.



Иницијативата е поддржана и од страна на европратеникот и член на СИРИЗА Стелиос Кулоглу и од ректорот на  на ФОН, Нано Ружин, кој ќе присуствуваат на утрешниот настан.

По утрешната презентација на иницијативата во Скопје, победникот на Нобеловата награда за мир на Тунис 2015 година, европратеникот на СИРИЗА и ректор на Универзитетот ФОН ќе отпатуваат за Атина, каде што ќе се состанат со грчкиот премиер на 19 декември, за да ја објават својата иницијатива.