Обвинетиот за 27 април Александар Василевски Нинџа дал две различни изјави со различни факти во две наврати во процесот за крвавиот четврток.
Ова го открива емисијата Код на Телма во која се открива дека Нинџа за време на изјавата дадена по апсењето кога сам се пријавил кажал едни а пред судот на рочиштето други информации.
На пример , пред истражителите рекол дека во зградата на ВМРО-ДПМНЕ бил два часа а на рочиштето пред судијата дека бил само еден час.
Тој исто така дал различен исказ за бројот на луѓето што биле во опозицискиот штаб.
На што се должи селективната меморија на Нинџа според Код не дава одговор ниту една институција и останува нејасно зошто Нинџа има две различни верзии за настаните од 27 април.
Дали некоја од неговите две верзии ќе ја прифати судот ќе биде познато за време на одредување на пресудата но Нинџа секако ќе остане запаметен по изјавата според која за да стане агент на ДБК морал да заврши средно училиште.





