Рускиот претседател Владимир побара да се најде начин како да се контролира рапот, кој станува се популарен во Русија.
На средбата со советниците по културни прашања во Кремљ, Путин рекол: „Ако не можме да го сопреме тогаш треба да го насочуваме“ и оцени дека забраната на концерти може да има само спротивен ефект и ќе ги направи уште попопуларни.
Путин смета дека рап-музиката „се базира на три сталбови – секс, дрога и протести” и дека е вознемирен од неодминливото споменување на „што е пат кон деградирање на нацијата“.
Неговата изјава дојде дојде откако во Русија, беа одложени три концерти на рапери поради предупредувањата од властите, дека таа музика популаризира „погрешни вредности“, а најмалку тројца рапери се уапсени.
Како симболичен гест на помирување, државната Дума најави дека ќе спроведе конкурс за најдобра добра рап-песна, но темата на песната треба да биде за патување од Русија. Победниците, според претеникотт Михаил Дегтјарев, ќе добијат обиколка на руските градови.
Рапот стана еден од најпопуларните музички жанрови меѓу младите во Русија благодарени на можноста преку него да се изразува секојдневната реалност и поради уништувачката критика кон власта.
https://youtu.be/FAbFd98X_GA





