Голем број македонски новинари и редакции го оспоруваат изборот на Младен Чадиковски за нов претседател на ЗНМ.
Телевизија Телма попладнево пишува дека Чадиковски е изборан за нов новинарски лидер „под сомнителни услови“.
Главниот и одговорен уредник на телевизијата 24 вести беше избран со девет гласови повеќе од новинарот Столе Наумов, за нов преседател на Здружението на новинари на Македонија. За него гласале 86 а за Наумов 77 новинари и медиумски работници.
За Телма е симптоматично е што од вкупно 555 регистрирани членови на Здружението на новинарите на изборното собрание денеска присуствуваа само 175.
Новинари ја критикуваат и одлуката на ЗНМ на пет дена пред изборот да се забрани обновувањето на членството за новинарите иако такво одредба не е предвидено во Статутот. Според информациите кои ги лиферуваат медиумите Управниот Одбор за оваа одлука гласал по телефон што според статутот на ЗНМ оваа одлука ја прави нелегитимна и може да биде основа за понушутвањње на изборот.
Дел од новинарите најавуваат дека изборот на Чадиковски може да биде оспорен на суд кој што ќе мора да ја поништи одлуката на собранието поради прекршени избирачки права на членовите на ЗНМ.
Посебен етички проблем за Чадиковски е што тој довербата да го води ЗНМ ја добил од помалку од 30 % од членовите на асоцијацијата.
Откако на петти декември ЗНМ без формална одлука забрани да се продолжува членството со плаќање членарина повече новинари повикаа на одоложување на изборното собрание но тоа според Телма досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволи.
Посебен проблем денеска настанал си гласањето на членовите на ЗНМ кои имаа платено членство за наредните две години но не се регистрирале до 13 часот како што барал Селмани.
Телма потсетува дека за разлика од изборот на Чадиковски, „Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот“.
За дел од членовите на ЗНМ спорно е што Чадиковски е главен и одговорен уредник на провладината 24 вести. За нив е спорно тоа што Чадиковски ако не се повлече од оваа функција нема да може да раководи со ЗНМ каде што ќе има многу обврски.
Посебен проблем е политичката пристрасност на Чадиковски.
Според порталот Лидер.мк изборот на Чадиковски е остварување на планот на власта да го стави Чадиковски за претседател на ЗНМ.
„Уште на почетокот на овој месец објавивме дека, Чадиковски, кој беше дел од медиумската империја на Велија Рамковски, има поддршка од власта за да застане на чело на ЗНМ, со цел да ги протне политиките на премиерот Зоран Заев и на СДСМ, за да може да се воспостави контрола врз целиот медиумски сектор.
За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНМ постојано, жестоко реагираше на притисокот на власта врз медиумите. Во изминатите година и пол, додека СДСМ е на власт, ЗНМ како да е во коалиција со нив и воопшто не реагира ниту на притисоците, ниту на пресметката на власта со критички настроените новинари и медиуми.
Власта, досега, нема воспоставено контрола само врз телевизија Алфа, додека сите весници, и денвни и неделни, се провладини, па главната критика против владеењето на СДСМ доаѓа само од неколку интернет портали“, пишува лидер.мк за изборот на Чадиковски.
Ривалот на Чадиковски новинарот на Канал 77 Столе Наумов денеска не реагираше на изборот на Чадиковски.





