„Да се создаде армија е право на секоја држава. Но, Косово не е нормална држава. Таа беше создадена од ЕУ и САД по војната за јужната српска провинција во знак на респект за косовските Албанци, оценува  весникот „Фолксштиме“ од Магдебург, како што пренесува „Дојче веле“.



„Малата држава до денес се бори за економско преживување и меѓународно признавање. Србија е во постојан клинч со Косово. Меѓународните трупи ги држат одвоени една од друга двете страни.

Во ваква ситуација, по исклучителна желба на САД, сега Косово треба да создаде своја армија – авантуристички маневар.

Тоа ќе има последици и за Германија. Бундесверот е дел од силите КФОР на Косово веќе 20 години. Тоа е најдолгата мисија – во моментов таму се стационирани 700 германски војници. Доколку Србите и Косовците се судрат, ќе се распадне фрагилната безбедносна архитектура.

Во таков случај, попусто бил долгогодишниот ангажман“, пренесува „Дојче веле“.