МВР се уште не објавува дали е поведена постапка за утврдување одговорност на полицаецот кој на протестите против промена на името пред Собранието на 10 декември употреби физичка сила иако не му беше загрозена безбедноста.
Во соопштенијата за јавност на МВР нема никаква информација за инцидентот кој беше објавен на социјалните мрежи кои будно се следат од страна на полицијата.
На видеото објавено на Твитер јасно се гледа како полицаец освен вербална комуникација со демонстрантите во еден момент мислејќи дека никој не гледа во метежот иако не е нападнат или во опасност со зафат на раката користи физичка принуда односно “му ги крши прстите” на еден од демонстрантите.

Видеото е во следниот твит
https://twitter.com/PavelSatevMKD/status/1072356198475800576?s=19




