Формална церемонија по повод најавената  трансформација на Косовските безбедносни сили се одржа попладнево во Приштина на која присуствуваа  Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весели.



На еремонијата започна во 17 часот, косовскиот претседател Хашим Тачи се појави во војничка униформа  и изјави дека „косовската државност е заокружена бидејќи, како што рече, армијата е столб на државата”, и дека е среќен што сега е „врховен командант на КБС“.

Свеченоста се одржа по повод одлуката на косовското собрание за промена на мандатот на КБС и трансформирање во Војска на Косово.

Членовите на КБС на оваа церемонија за прв пат беа претставени како војници.