Премиерот Зоран Заев со „пригоден“ речник ја прокоментира јавната расправа за амандманите на Уставот во согласност со Преспански договор.
„Сигурно видовте колку сме инклузивни и треба да појасниме на сите да знаат дека, еве, не излегоа мечки во амандманите, нема ништо скриено, нема ништо закукулено, замумулено. Тоа беа дебатите. Тие се. Чесен пристап на имплементација на договорот од Преспа“, е дел од опширниот одговор на претседателот на Владата на новинарско прашање дали најавената оставка од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос по уставните измени во Македонија може да го загрози договорот од Нивици.




