Центарот на Солун е претворен во „тврдина“ во пресрет на обраќањето на премиерот Алексис Ципрас во Палатата на спортовите и планираните демонстрации против Преспански договор.
Се потсетува дека Алексис Ципрас ќе говорн на политичкиот настан организиран од СИРИЗА во Солун со централна порака „Македонија вели “да‘а демократија, ‘да“ за солидарност, а ‘не“ за национализмот и фашизмот“
Безбедносните мерки ќе бидат особено засилени бидејќи се стравува од судири. Грчки медиуми пишуваат за ангажирани 2.000 полицајци и за оклопни возила.
Говорот на Ципрас е закажан за 19:30 часот, а за 19:00 се одржува протест на македонскиот хеленизам, организиран од “Борбата против Македонија” и “Обединети Македонци” пред Белата кула во Солун.





