Во Собранието на Косово беа усвоени два нацрт-закони, со што се овозможува трансформација на Косовските безбедносни сили во војска на Косово.
Првиот закон што беше усвоен е нацрт-законот за трансформација на КБС во Министерството за одбрана, а вториот нацрт-закон за трансформација во вооружените сили. Во 11:20, беше донесен последниот, трет нацрт закон, со кој официјално беше формализирана постапката за формирање на Косовските вооружени сили.
Неколку идни “војници” влегоа во парламентот.
Како што јави дописникот на РТС, нацрт-законите беа усвоени во забрзана постапка и едногласно.
Денешниот ден, во Белграда и во Приштина, беше наречен Ден Д.
Припадници на КФОР се распоредени на мостот што ја дели Косовска Митровица, додека хеликоптерите на НАТО ја надлетуваат Приштина.
Претседателот на Србија денес беше во зоната за безбедност на југ.
Во зградата на косовското собрание имаше силно обезбедување, јави РТС .
На дневен ред на пленарната седница на косовскиот парламент денеска беше само една точка.
https://www.facebook.com/KlanKosovaOfficial1/videos/1982043225422446/





