Дури 38 делумно сериозни технички недостатоци се утврдени кај македонски автобус за долги релации на централната автобуска станица во Диселдорф, поради што тој е исклучен од сообраќај непосредно пред заминувањето.
Службеници на сообраќајната полиција го прегледале автобусот вчераутро на станицата во „Ворингер плац“ во моментот кога во него имало пет патници, а се очекувале уште 20-30.
Возачот немал дозвола за превоз на патници.
Патувањето е откажано, полицијата наплатила депозит од 631,5 евра и ги одзела табличките од автобусот.





