Британскиот таблоид „The Sun” објави материјал, во кој ги опишува пророштвата на баба Ванѓа за 2019 година .
Според таблоидот, Ванѓа која ги предвидела „брегзит“ и нападите на кулите близначки во Њујорк, предвидела дека идната година некои од светските лидери треба да внимаваат.
Меѓу „загрозените“, е претседателот на Русија – Владимир Путин. Неговиот живот ќе биде во опасност, бидејќи ќе има обид за атентат против него, пишува „The Sun“.
Авторката на материјалот, Беки Пембертон пишува дека баба Ванѓа предвидела дека Доналд Трамп се разболи од мистериозна болест, поради која ќе го изгуби слухот, а член на неговото семејството би можел да биде повреден во сообраќајна несреќа.
„Балканскиот нострадамус“, како што ја нарекуваат, исто така наводно предупредила дека големо цунами може да ги уништи земјите во Азија, а дека Русија ќе биде погодена од метеор.
Европа исто така нема да биде безбедна, но не поради природни катастрофи, туку поради невидена економска криза.
Баба ванќа, односно Вангелија Пандев Гуштерова била родена во село во Струмица на 31 јануари 1911. Почина во 1996 година на 85 години.
Меѓу најпознатите нејзините предвидувања е и тоа дека 44-от претседател на САД ќе биде Афроамериканец .
Дека не сите пророштва на баба Ванѓа се остваруваат, говори тоа што таа сметала дека тој (Обама) ќе биде и последниот американски претседател…
https://www.thesun.co.uk/43171613-f90b-4f0d-a4ab-8785688698c1





