Првпат по потпишувањето на Преспанскиот договор, Алексис Ципрас испрати јасен сигнал до Владата на Скопје и ја отвори можноста да не биде ратификуван преспанскиот договор од Грција, пренесе „Иефимирида“.
Во жестока размена на мислења со лидерот на опозицијата во грчкиот парламент, Алексис Ципрас, посредно, упати порака до македонските власти.
„Уставните измени во пјРМ и изјавите на официјалните лица треба да го одразуваат духот на договорот“, изјавил вчера грчкиот премиер во расправата. Ципрас му реплицирал на лидерот на опозициската Неа демократија, Кирјакос Мицотакос, кој го обвини преиерот дега „тргува “ со примањата на пензионерите во замена за поддршка на преспанскиот договор во парламентот.
„Ако ова не се случи, ниту договорот нема да оди напред, ниту пристапот на соседната земја кон меѓународните организации”, рече Ципрас.
Ваквата забелешка следи по „спорни изјави од страна на премиерот на Македонија, Зоран Заев, за ‘македонско’ малцинство и јазик, што во Грција се гледа како одраз на иредентистичките амбиции во северниот грчки регион на Македонија, пишува „Катимерини“.
Коалициониот партнер на Ципрас, Панос Каменос, повтори дека неговата партија ќе ја повлече својата поддршка од владата ако Договорот дојде до Парламентот.




