Фотографија на Никола Груевски како се шета во Будимпешта, и која вчера беше споделувана на Фејсбук ја направил Дејвид Нолан, дописник британскиот весник Гардијан.



„Го уловив“ напиша тој на фотографијата што ја објави на „Твитер, по што брзо се прошири и на другите социјални мрежи.

Нолан е добитник на Европската награда за печат и медиуми и пишува за повеќе медиуми.

Никола Груевски пред повеќе од еден месец пребега во Унгарија каде доби азил.