Георгиев: Договорите не мора секогаш да се исполнат

…„Топлите прегратки помеѓу Борисов и Заев не ги стоплија душите на двата народа. Министерот за НАТО (одбрана) на Бугарија секојдневно фрла отровни стрели кон братскиот народ отаде Ѓуешево, а братот Бојко молчи“, пишува поранешниот пратеник од редовите на СДСМ Гордан Георгиев во колумна за „Дојче веле“ насловена „Сетете се дека н’е сакавте“. И Продолжува:



„Благонадежни нови пријатели на Македонија од истата страна на границата енигматично ни сугерираат дека Бугарија и Македонија треба да бидат како Грција и Кипар. Само не ни кажуваат дали Македонците треба да бидат Грците во Кипар или Турците во Кипар.

Ако историскиот договор помеѓу Бугарија и Македонија зависи од простодушноста на Заев и славјанската присност на Борисов, тогаш да знаете дека немаме договор.Pacta non sunt semper servanda. (Договорите не мора секогаш да се исполнат – н.з.)

Министерот за НАТО (одбрана) на Грција со жестока реторика упорно и од почетокот го поткопува Договорот од Преспа. Можеби и тој мисли дека Кипар е најдобро решение за Македонија, иако сигурен сум дека во „деталите“ и имплементацијата на „кипарското прашање во Македонија“ се разликува од неговиот бугарски партнер во НАТО.

И на сето тоа Алексис Ципрас упорно молчи, патем жртвувајќи го можеби единствениот искрен поддржувач и брокер на договорот отаде Евзони, бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

Ако Договорот од Преспа зависи само од бившиот министер Коцијас и непроспиените ноќи во преговори со Димитров, тогаш знајте дека договорот е неодржлив. Pacta non sunt semper servanda“, пишува Георгиев.

Колумната на Георгиев за „Дојче веле“ на следниот линк.