Еко Аларм: Митко Јанчев ги манипулира Кавадарчани (ВИДЕО)

Еколошката организација Еко Аларм Кавадарци го обвини градоначалникот Митко Јанчев дека со активности локализирани само околу мерната станица во овој град успеал да го намали загадувањето за 6 пати и да даде лажна слика за нивото на аерозагадувањето.



Еко Аларм обвинува дека Јанчев ги лаже и манипулира граѓаните како тие да живеат во Северна Кореја.

На објавеното видео се гледа дека завчера околу мерната станица во центарот на Кавадарци се вршела аеросолизација со што вештачки е намалено нивото на ПМ10 честички.

“Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018).

Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката.

Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.

На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа ЗА НИВ КРИТИЧНА И ВАЖНА ЛОКАЦИЈА, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.

Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00.

МОЖЕБИ ПОДОБРО Е ВООПШТО ДА ЈА НЕМА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ?

Овака не се лаже и манипулира народот ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА!

ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ОВАА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА АЕРОСОЛИЗАЦИЈА!

До кога ќе не лажете?

МојВоздух – MojVozduh

#ЛудоОпштество #СтопЗаПопулизмот”, пишува Еко Аларм Кавадарци.

Целото видео овде

https://www.facebook.com/337698960143050/videos/1182425828598339/