Дел од демонстрантите одговорија зајадливо на мерките предложени од претседателот Емануел Макрон во неговото обраќање до нацијата синоќа, во обид да го амортизира протестот на „жолтите елеци“.



„Глупости„,  „блеф“, „театар“ и „капка во морето“ се најчестите коментари со кои беше пречекан говорот на шефот на државата, во кој најави зголемување на минималната плата за 100 евра и редица други финансиски мерки, пренесува The Local.fr.

„Тој се обидува да направи пируета за да се врати на нозе, но можеме да видиме дека не е чесен“, вели Жан-Марк, кој е механичар.

„Тоа е само убава фасада, за медиумите, некои тривијални мерки кои дури изгледаат како , провокација“, коментира 55-годишниот Тјери, кој е велосипедист, според кој тоа не се мерки за суштинско справување со проблемите.

„Можеби ако Макрон излезеше со овој говор пред три недели, тоа ќе го смиреше движењето, но сега е премногу доцна”, вели 34-годишниот Гаетано.

Анкетие во неколку наврати покажаа дека околу 70 отсто од француската јавност го поддржуваат движењето „жолти елеци“, но едно истражување објавено по говорот на Макрон откри дека 54 отсто од Французите сакаат да се стави крај на движењето.