Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право, тоа е европска вредност, изјави  Зоран Заев по нападите од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој му порача на македонскиот премиер да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, за да не се прости Македонија со  членство во ЕУ и НАТО.



Одговарајќи на прашање на јавната дебата што се одржа во Штип, премиерот уште еднаш повтори дека очекува европските вредности да бидат прифатени од сите, пренесе Мета.

„Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика на какви причини некој темели свои изјави или слично. Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред се бугарскиот народ е пријателски народ на нашиот народ“, рече Заев.

Каракачанов: Заев да не зборува за македонски јазик, за да не се прости од ЕУ