Наташа Котлар, виш научен соработник во Институт за национална историја (ИНИ), реагира на изјавата на шефот на македонскиот дел од заедничката комисија со Бугарија, Драги Ѓоргиев, дека со нејзината работа не била засегната официјалната академска историографија.



„Според Д. Ѓорѓиев, претседателот на македонско-бугарската комисија за учебници, со нејзината работа не била засегната ‘официјалната академска историографија’! Неточна и манипулативна изјава! Напротив, комисијата директно ја засегнува целокупната официјална академска историографија во РМ, бидејќи научните истражувања, пишувања и толкувања ги прави токму таа. Што значи, академската историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. А, тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции, други се дејностите кои имаат за цел и задача – перцепции. Што значи работата на комисијата е директна атака на 73-годишната научна продукција во РМ! Ова, пак, ни се случува поради нашето недоволно познавање на нештата и на работата, како и заради површност и лукративност! Очајно!“, му реплицира Котлар преку Фејсбук на својот колега и директор на ИНИ.