„Тиранската платформа чекор по чекор се остварува. Изборното ветување на СДСМ за излегување од рамките на Охридскиот договор води кон тоа, потврдување и применување на Тиранската платформа.
Дали е можна радикализација на барањето во северозападниот дел на Македонија, битно е да се следат и случувањата во Косово во однос на Србија. Тоа се споени лончиња“, вели политичкиот аналитичар Жидас Даскаловски во изјава за МКД.Мк кој ја коментира безбедносната ситуација во регионот.
„Откако ќе се спроведе таа платформа – според него – логичен чекор ќе биде групирањето на Албанците во некаква автономија или регионализација. Сите овие промени во Уставот одат во тој правец, кон создавање на една хибридна бинационална држава.
Оттука сосема логично е да се очекува еден вид и на територијално разграничување на Македонија. Тоа е траекторијата исцртана во изборната програма на СДСМ.
Многу веројатно е дека ова може да се оствари“, вели Даскаловски.




