Интерпелација на министерот Никола Димитров!?

До архивата на Собранието на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела интерпелација за работата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, дознава „Магазин.мк“



На одржаната координација на пратеничката група вчера попладне, бил изразен револт од изјавата на министерот Димитров во која од собраниската говорница тој рече дека кога станува збор за македонската нација “се работи за нација со комплекс“, која талкала по минатото бидејќи не си го знаела својот идентитет.

“Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“, рече Димитров.

Во образложението за интерпелацијата на Димитров се потенцира дека се работи за пониживачки однос кон македонската нација, нарушување на достоинството на македонскиот народ и навредата кон сите граѓани како припадници на нацијата.

Интерпелацијата за работата на Никола Димитров ги наведува и членовите 2 и 9 од Уставот на Република Македонија, за кои потпишаните пратеници од страна на опозицијата сметаат дека се прекршени со арогантната изјава за “искомплексираната македонска нација“.

Димитров: Срам ми е да ве слушам!