Министерот за здравство им препорача на граѓаните како да се заштитат од загадениот воздух.
Не излегувајте надвор од дома кога е загадено, јадете овошје и зеленчук, вели министерот Венко Филипче според кој освен препораки, Министерството за здравство во моментов не може друго да направи.
Тој уште еднаш повтори дека бидат набавени околу 50 000 маски за граѓаните со хронични заболувања, но се уште не се знае кога и како ќе бидат дистрибуирани.





