Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Босна и Херцеговина, најверојатно, ќе добие „зелено светло“ неделава за да направи голем чекор кон идното членство во Алијансата, објави Танјуг.
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО се очекува во среда да ја повикаат Босна и Херцеговина да го поднесе својот реформски план, како дел од Акциски план за членство (МАП), кој им помага на земјите да се подготват за пристапување.
Асошиетед прес, проценува дека Босна и Херцеговина наскоро нема да пристапи во НАТО.
НАТО ѝ понуди Акциски план наа Босна и Херцеговина во 2010 година, но одби да го активира се додека не бидат исполнети сите услови.





