Откако вчера беше фатен како на седница во Собранието игра игри на својот мобилен телефон додека се водеше расправа за аерозагадувањето и смртта и болестите што тоа ги носи Петре Шилегов доби интересна понуда.
“Би сакал господинот Шилегов да го поканав во нашата алијанса – MjBC за играта Empires and Puzzles.
Имаме 29 активни членови, повеќето Македонци и бараме нов посветен играч што може да шљака јако 24/7”, му напишаа на Твитер на скопскиот градоначалник мераклија за игри на телефон.
Шилегов се уште не одговорил на возбудливата понуда да ја претставува земјата на меѓународен план на полето на играње игри на телефон.
Би сакал господинот Шилегов да го поканав во нашата алијанса – MjBC за играта Empires and Puzzleshttps://t.co/TNQ29BQNgZ
Имаме 29 активни членови, повеќето македонци и бараме нов посветен играч што може да шљака јако 24/7
— Björn (@MedoDimoski) November 27, 2018





