Комисијата за пратенички и мандатно-имунитетни прашања донесе препорака да му се одземе пратеничкиот имунитет на екс-премиерот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и му предложи на Собранието да ја донесе оваа одлука.
Таквата одлука е донесена со пет гласови за, ниту еден против и ниту еден воздржан, на седницата на која не присуствуваа членови на ВМРО-ДПМНЕ.
За да помне оваа одлука во Парламентот потребни се 61 глас.


