Затегнато во Северно Косово, Србија бара помош од Кина!

Претседателот Александар Вучиќ и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ побараа од амбасадорот на Кина во Белград да му пренесе на кинеското раководство дека Србија никогаш не била во потешка ситуација.
Кинескиот амбасадор Ли Мунчанг одговори дека ќе го извести претседателот на Кина за ова во текот на денот.
Претседателот Вучиќ и премиерот го информирале кинескиот амбасадор за најновите случувања, по падот ова утро на припадници на специјалната косовска полиција ROSU  во Северна Митровица.
Специјалниот обвинител на Косово нареди четири притворени Срби да бидат доведени во Основниот суд во Приштина.
Србија никогаш не била во потешка состојба, и покрај постојаните повици за мир и стабилност, порачале Вучиќ и Брнабиќ преку кинескиот амбасадор.



„Упадот на единицата  на ROSU во Северна Митровица покажа дека КФОР и НАТО намерно ја доведувале јавноста во заблуда и денес е јасно по чија наредба и со кој восмрега лажеле претставниците на НАТО“.

Премиерката Брнабиќ потсети дека воведување даноци за српските производи, за кои се очекува одговор од Европската Унија, е прекршување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и на договорот ЦЕФТА, но и од ОН каде што се очекува поддршка од Кина.

Амбасадор Ли рече дека Кина совршено го разбира она што се случува во Косово и дека тоа е веќе познато сценарио на нападот на интегритет на Србија.