Парите што ги извадил од банка, Груевски ги дал на адвокати

Груевски за кусо време ги потрошил 230.000 евра што ги извадил од банкарските сметки и со нив плаќал главно адвокатски услуги, дознава порталот Сакам да кажам од извори во Министерството за финасии.



„Важно е дека банките беа ажурни и според законската обврска што ја имаат, ги известија надлежните органи за повлекувањето од Груевски на своите штедни влогови во суми над 15.000 евра, што е пракса и за сите граѓани. За ова беа известени надлежните органи“, ги пренесува порталот зборовите на неименуваниот извор.

Затоа било утврдено дека наглото празнење не е индиција за негово бегство, туку за плаќање адвокати.

Било оценето дека 230.000 евра не е  сума со која Груевски ќе може да си дозволи живот во бегство во друга држава, па затоа и ова влечење пари не било индиција за бегство.