Тасева: Груевски го пуштија, допрва ќе ја видиме зделката (ВИДЕО)

Универзитетскиот професор и правник Слаѓана Тасева смета дека експремиерот Никола Груевски не е бегалец, туку дека му било овозможено слободно да ја напушти земјата.



„Јас мислам дека дури не станува збор за бегство туку дека го пуштија да си оди. Мислам дека тоа е едно сценарио една договорена работа за која допрва ќе ја видиме зделката“ рече Тасева во синоќешното гостување на ТВ21.