Дескоска не знае дали Груевски добил азил

Министерката за правда изјави дека не знае дали се точни информациите во унгарски медиуми дека на поранешниот премиер, Никола Груевски, му е било одобрено барањето за политички азил.



Министерката Дескоска изјави дека има примери постапката за азил да трае и по 9 месеци.

„ Јавноста знае дека секогаш постапката за азил е приоритетна во однос на постапката за екстрадиција.

Ние ќе си го доставиме барањето за екстрадиција, тоа е изготвено, дел од маеријалите се преведени, станува збор за обемна документација. Во нашето барање ќе бидат опфатени не само пресудата за ‘Тенк’ сите обвиненија кои постојат, сите истражни и предистражни постапки, кои ќе бидат основ утре ако се екстрадира да може да се гони“ изјави министерката за правда.