По меѓународна операција против дилери со дрога спроведена во Венеција, но и во Шпанија и Австрија, бил издаден налог за апсење на осомничени лица од криминална организација составена од Италијанци, Молдавци, Украинци и Албанци.
Криминалната група „увозувала“ големи количини марихуана и хашиш од Шпанија, вкупна количина е проценета на 200 килограми , кои потоа биле дистрибуирани на пазарите во Венеција, Падова, Виченца и Тревизо.
Дрога се дистрибуирала во образовни институции, особено меѓу малолетните лица.





