Активистот за човекови права Гоце Панговски им го одзема правото да се жалат на сите што немаат изговор за неприсуството на протестот против промена на името и уставот во неделата пред македонското собрание.
“Да се разбереме. Ако вчера вечер бевте во Скопје, а немате реален изговор (како на пример моите пензионери, што тераат накај 70, а мајка ми прима хемо терапија) зошто не бевте на протестот пред собрание, тогаш немате право да зуцнете со било какви жалби и поплаки за тоа како нешто не чини во Македонија.
Ќутете си и трпете си ги сите гадости и понижувања што ви ги прави забеганата влада со убер-шутракот на чело“, пишува Панговски, според кој ако изговорот за неприсуство на протестот е припадност кон некоја партија, или божемна идеолошка определба, или тоа кој ќе зборел или не од поставената бина и сл., тогаш не само што граѓаните заслужуваат сè што во државата прави оваа безобразна и безобзирна хунта од изроди на власт, туку и малку им е.
Според Панговски, „во жална Македонија семафор и знаци да ставиме, пак 99,99 % од народот и наапаните политиканти нема да знаат што е десно или лево во политичка смисла“.
„Нација без критична маса на национално освестени луѓе, коишто не го мразат туѓото, ама и тоа како си го почитуваат и бранат своето достоинство и право на самоопределување, и од чиешто негодување и оправдани реакции и несогласување со генерални политики и поединечни одлуки, реално за својата позиција не се плаши секој еден функционер, од премиер и претседател, до шалтерски работник, порано или подоцна, или ќе се реформира, или полека ќе умира и стане плен на други нации“, заклучува Панговски.





