Здружението за социјални иновации и одржлив развој „РАДАР“, Новинари за човекови права, Првата детска амбасада Меѓаши и Зелениот институт, упатија апел до сите граѓани на Македонија да ја потпишат петицијата, со која се предлагаат итни мерки против енормното загадување во Скопје и во други општини.
Бесплатен автобуски превоз за сите граѓаните во текот на наредните три месеци, субвенционирање на меѓуградскиот автобуски превоз, воведување на 24-часовен зајакнат инспекциски надзор, итна детекција на загадувачите… се дел од мерките што ги предлагаат невладините кои ја повикаа државата да ги исполни обврските во однос на почитувањето на основното право, правото на живот, воведувајќи итни мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на луѓето и нивниот живот, пишува порталот „Локално“.





